Состојбата со коронавирусот во Македонија доби нова димензија во последното деноноќие, во кое е регистриран нов рекорд од 870 нови позитивни случаи од 2.647 тестови, како и 14 починати лица!
Речиси половина од новозаразените се од Скопје – 422, а по главниот град следуваат тетово со 64, Струмица со 55, Велес со 38 итн.
Од починатите, по тројца се од Скопје (51, 60 и 83 години) и од Куманово (65, 71 и 53 ), двајца од Прилеп (55 и 56) и по еден од Дебар (80), од Тетово (63), од Велес (65), од Струмица (68), од Радовиш (72) и од Кратово (75). Сите се починати во болнички услови.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 292 оздравени пациенти.
Вкупната бројка на дијагностицирани со Ковид во Македонија од почетокот на епидемијата е 28.697, од кои оздравени се 19.771, починати 963, а бројот на активни случаи изнесува 7.963.
Досега се направени вкупно 240.658 тестирања.





