Неверојатно многу и лоши коментари на пост на шефицата на УЈП и потпретседателка на СДСМ Сања Лукаровска на пост на портал во кој е пренесена нејзината порака дека СДСМ се грижи за државата.
Над 750 граѓани одговориле на тезата на вториот човек во СДСМ која тврди дека владечката партија е позитивна за државата Македонија.
Речиси сите што коментираат ги негираат нејзините зборови а не е мал и бројот на оние што употребуваат и безобразен речник користејќи и сексуални изрази да го искажат својот гнев за пораката на Лукаровска дека СДСМ ја чува државата.
Дел од попристојните коментари:
Што чувате незнам, името го сменивте, народот го продадовте, историјата ја расподадовте, до најситна пара искрадовте се, тешко нас со вас.
Сдсмовците се најголемите уништувачи НА МАКЕДОНИЈА И СВЕ МАКЕДОНСКО, најголемите продадени души и најкорумпирани во целиов СВЕТ и сите не истомисленици во затвори за да го заплашуваат МАКЕДОНСКИОТ НАРОД ама полека но сигурно ќе одговарате сите до еден кое е вмешан а неверувам дака имате поштени меѓу вас
Вие ја продадовте државата, не се срамиш ли од изјавите
Страв да те фати од луѓе, од немајкаде ставени преку ноќ да водат држава и да се истопоруваат во јавност со излитени пароли, терајќи ги работите на еден народ сам што си создал држава со сите атрибути, истите да ги урнисуваат по терк на туѓи интереси. Па до каде, сигурно до конфликт на интересите на нас, македонскиот народ!
Немојте ве молам од вакво чување наместо Гоце Адолф ќе го славиме уште малку.
Сите коментари на страната на ,,Македонски весник” од кои дел не се за малолетни лица на овој линк
https://m.facebook.com/story.php?story_fbid=1250743475455509&id=440213746508490
Лукаровска за два дена успеа да го надмине својот партиски колега од СДСМ портпаролот на владата Душко Арсовски кој го слушна гласот на народот преку државната агенција МИА каде доби над 600 негативни коментари кога ја пофали владата.
Владиниот портпарол даде изјава што обичните граѓани ја дочекаа ,,на нож”





