Две лица беа убиени , а едно е тешко повредено во два напади извршени од исто лице во францускиот град Шоле, објавија француските власти.
Засега нема елементи што би укажале на тоа дека станува збор за тероризам.
Француската телевизија Франс 2 објави дека напаѓачот во предградието на Шоле прво нападнал постара двојка, а потоа со нож нападнал друг 50-годишен маж во истата населба.
Осомничениот, 35-годишен маж, бил приведен и според прелиминарните податоци, тој ѝ бил познат на полицијата како престапник.




