Нов напад и закани по живот на полицаец во Струга

Двајца Скопјани навредувале и физички нападнале полицаец кој сакал да напише мандатна казна за сообраќаен прекршок.



Во инцидентот кој се случил завчера по полноќ во Струга 23 годишниот Н.И од Скопје покрај користење физичко насилство на сообраќаецот му упатил и закани по живот по што бил приведен во полициска станица.

Ова е втор напад на полициски службеник во Струга за 20 дена. Во првиот беше нападната полицајка која сакала да напише сообраќајна казна на жител на село Велешта.

На почетокот на март во Скопје висок функционер на ДУИ нападна полицајка по што таа се удри од пајак возило.

Целата информација на ohridnet.com за последниот инцидент на следниов линк