Нов налет на короната: 22 починати и 556 нови случаи

Двојно повеќе починати и 5,5 пати повеќе новозаразени во последното деноноќие во однос на претходниот ден е билансот од битката со коронавирусот во Македонија.



Починаа 22 лица, и тоа десет пациенти од Скопје (84, 83, 60, 71, 66, 57, 77, 76, 80 и 74 години), по двајца од Охрид (47 и 76), од Гостивар (79 и 64), од Крива Паланка (81 и 79), како и по еден од Кавадарци (48), од Куманово (77), од Дебар (68), од Штип (81), од Битола (69) и од Кичево (63). Од нив пет пациенти се починати вон, а останатите во болнички услови.

Од направени 2953 тестирања, регистрирани се 556 нови случаи на Ковид-19, од кои 270 во Скопје.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани од почетокот на епидемијата изнесува 86.150, бројката на оздравени пациенти е 67.164, на починати 2.614, а бројот на активни случаи изнесува 16.372.