Нов моден изблик на министерката за одбрана (ФОТО)

Министерката за одбрана Славјанка Петровска која важи за член на владата кој најмногу внимава на модните трендови при настап во јавноста пред два дена повторно со нов моден изблик.



На забавата на владата по повод Денот на независноста 8 Септември Петровска се појави во лила – бела комбинација на гардеробата со која се издвои од останатите членови на владата.

Петровска носеше ,,лила” односно виолетов блејзер во комбинација со бели пантолони кои во долниот дел беа широки.

Според фотографиите од настанот десниот дел од блејзерот е подолг од левиот дел што е досега невидена специфика при облекувањето на членовите на владата.

Откако стана министерката Петровска ретко се појавува во јавноста со иста гардероба.

Таа постојано на јавни настапи се појавува во гардероба за која не се знае дали е шиена или купена во Македонија или од некој од светските модни центри.

Дел од модните изблици на Петровска

Дали е министерката за одбрана најелегантно облечен член на владата (ФОТО ГАЛЕРИЈА)