• Македонија
  • Свет / Балкан
  • Бизнис
  • Колумни
  • Личен развој
  • Локални избори 2021
Search
Sunday, May 31, 2026
  • Македонија
  • Свет / Балкан
  • Бизнис
  • Колумни
  • Личен развој
  • Локални избори 2021
Sign in
Welcome! Log into your account
Forgot your password? Get help
Password recovery
Recover your password
A password will be e-mailed to you.
Expres.mk
  • Македонија
  • Свет / Балкан
  • Бизнис
  • Колумни
  • Личен развој
  • Локални избори 2021
Home Македонија Нов корпоративен визуелен изглед на Шпаркасе Банка АД Скопје
  • Македонија

Нов корпоративен визуелен изглед на Шпаркасе Банка АД Скопје

February 12, 2023
Facebook
Twitter
Pinterest
WhatsApp

    Шпаркасе Банка АД Скопје со задоволство известува дека го менува целокупниот визуелен идентитет во согласност со промените на ниво на Групација. Следејќи ги визијата, вредностите и верувањата на големото Ерсте и Штаермеркише Шпаркасе семејство, Шпаркасе Банка визуелно се модернизираше, по теркот на светските банкарски трендови.



    Од самите почетоци Банката континуирано го менува и подобрува својот визуелен идентитет, покажувајќи ја својата флексибилност, можноста да се предвидат промените и на нив да се одговори соодветно и навремено. Од почетокот на оваа година, Банката започна со постепена имплементација, односно воведување на сосема нов изглед на локалниот пазар. Новиот визуелен идентитет вклучува оптимизирано лого, нови корпоративни бои и нов фонт.

    Поедноставно, побрзо, поинтуитивно

    Резултатот од овие промени е единствен корпоративен дизајн кој овозможува унифицирано искуство на брендот на сите канали. Со новиот, целосно модернизиран корпоративен дизајн, прилагоден на дигиталниот свет во којшто живееме, брендот Шпаркасе станува уште попристапен и пофлексибилен за своите клиенти, целосно ориентиран кон иднината.

    Постепено воведување

    Досега се направени промени на социјалните мрежи на Банката и на интерните корпоративни материјали (дописи, меморандуми, презентации). Планирано е постепено воведување, односно ребрендирање на сите останати канали (веб страна, електронско банкарство, мобилна апликација, банкомати, експозитури, централни згради).

    Користење на лого

    Логото е достапно во 3 верзии: • Стандардна верзија – бело монохромно лого кое се користи на слика или позадина во боја во сите комуникации, рекламни материјали, веб страна • Втората верзија е антрацит монохромно лого кое се користи кога не е возможно или не е дозволено да се користи боја, за црно-бели материјали на сите официјални документи, дописи, меморандуми • Специјалното бело лого на сина позадина кое се користи само на одредени материјали – светлечка рекама, АТМ, спонзорства

    • TAGS
    • визуелен
    • ново лого
    • шпаркасе
    Facebook
    Twitter
    Pinterest
    WhatsApp
      VikiVA
      • Контакт
      • Импресум
      • Маркетинг
      • Услови за користење
      © Expres.mk. Сите права се задржани.