Лидерот на СДСМ Зоран Заев го честиташе успехот на филмот “Медена Земја” на Твитер и направи нов гаф.
Наместо на луѓето кои стојат зад проектот Заев во постот тангира или означува профил на Твитер со име Лалита СП кој нема никаква врска со авторите на документарецот кој вечерва во Холибуд ќе се бори за два оскари.
Лалита СП е лик од индиската митологија и има само тројца следбеници на Твитер.
Грешката на Заев не помина незабележано на социјалните мрежи.
Заслужени номинации за @Honeyland за #Oscars во категориите Најдобар документарен филм и Најдобар интернационален филм. Ова е историски успех за современиот македонски филм, кој за првпат е со две номинации.
Честитки медена екипо, нека се множат успеси! 🐝 #Honeyland #Oscars2020 pic.twitter.com/7YqF3uBGyZ
— Зоран Заев (@Zoran_Zaev) January 13, 2020





