Нов голем гаф со симболи од страна на Владата, овој пат со логото во чест на 30 години од македонската државност.
На денешната прес-конференција на портпаролите на Владата, Душко Арсовски и Муамет Хоџа, беше претставено логото кое ќе се користи по повод јубилејот – 30 години од независноста на државата.
„Дизајнот на логото е инспириран од македонската државност, од Денот кога граѓаните одлучија да имаме независна Република Македонија и од сѐ она што денес, нашата Северна Македонија го носи со себе како демократска држава определена за мир, демократија, соработка и развој“, соопштија од Владата.
Но внимателна анализа на логото и државното знаме покажува дека во логото има грешка која што е суштинска.
На официјалното државно знаме има вкупно 8 сончеви зраци додека на логото на јубилејот 30 години државност само на горниот дел од знамето има 6 зраци.
Со 4 зраци што се наоѓаат на долниот дел од државното знаме тоа би значело дека на логото за 30 години државност би имало 10 сончеви зраци
На логото наместо еден вертикален зрак на средината Владата ставила два сончеви зраци со што директно го сменила државното знаме како основа за логото.

Според владата, на традиционалната, историски заснована, национална, црвена основа, обединети се симболите со кои се потенцира 30 годишнината од независноста.
„Сонцето, уставното име, меѓународниот МК код и бројот 30 раскажуваат за нашата државност“, велат од Владата.
Логото по повод 30 годишнината од независноста ќе се применува на сите јавни настани на државните институции во претстојниот период и ќе им биде достапен на сите граѓани, како дел од визуелизацијата на сеопфатната програма за одбележување на овој наш исклучително значаен настан – 30 години од референдумот на кој се изгласа независноста, се вели во информациите од владата.
Кој го дизајнирал и одобрил логото и зошто наместо еден вертикален крак на него има два сончеви зраци засега нема објаснување од Владата.

Според дел од дизајнерите кои работата кампањи а кои инсистираат на анонимност тврдат дека промена на дизајнот на знамето кое е земено како основа за логото за независноста е суштинска промена на државниот симбол од страна на Владата.
Владата објаснува дека не било гаф туку свесно користење на друго сонце
Владата се правда: На логото за 30 години државност не се користело сонце од државното знаме






