Нов гаф на протоколот на министерството за одбрана (ФОТО)

По протоколарниот гаф кога американскиот секретар за одбрана Џејмс Матис на скопскиот аеродром го дочека војник со метла, нова грешка на протоколот на министерството за одбрана.



Академијата за протокол предупредува дека за време на смотрата на почесната гарда на АРМ словенечкиот министер за одбрана Карл Ерјавец министерката Шеќеринска чекорела на погрешна позиција.

“Вообичаената позиција на гостинот треба да е „внатрешна“, меѓу домаќинот и гардата, за да може истиот да ги испочитува правилно сите точки на воената церемонија, како поздравот на знамето, на сабјата, на делегацијата….”, пишува Академијата за протокол.

Најновиот гаф на одбраната не е катастрофален за безбедноста на земјата но покажува дека во АРМ каде што се треба да е организирано до совршенство, работите не функционираат.