Нов гаф на претседателот Пендаровски кој денеска преку социјалните мрежи се обиде да му честита национален празник на чешкиот претседател Милош Земан.
“Честитки @MilosZeman по повод Денот на независноста со желби за благосостојба и просперитет на Чешка и пријателскиот чешки народ. Партнерството и сојузништво со Чешка уште повеќе ќе ги зацврстиме преку соработката во #НАТО и во доменот на нашата интеграција во #ЕУ.????”, напиша Пендаровски на Твитер но пораката за жал не стигна до чешкиот колега.
Пендаровски пораката ја пратил до твитер профилот @MilosZeman без да провери дека тој профил не е на чешкиот претседател.
https://twitter.com/SPendarovski/status/1321379193318449153?s=19
Доколку Пендаровски го отворел профилот кому му честитал веднаш ќе видел дека профилот нема никаква врска со Чешкиот претседател.
Ова не е прв гаф на кабинетот на претседателот Пендаровски.
https://emagazin.mk/nov-gaf-pendarovski-na-tet-a-tet-sredba-so-ukanovi-so-naopaku-postaveno-crnogorsko-zname/






