Лидерот на ПЦЕР која е коалиционен партнер на СДСМ и заменик директор на ЈП Државни Патишта денеска во обид да каже дека пописот ќе биде успешен ги измеша европската статистичка организација Еуростат и Еуростандард банката.
На Самка од ЕуростандарТ му потврдиле дела пописот ќе е по сите европски стандарди.
— Маче| 🇲🇰 (@Vlatko100janosk) February 22, 2021
Знаејќи ја судбината на ЕуростандарТ, знаеме каков ќе биде исходот од пописот. 🙃 pic.twitter.com/wvyP6sMXvi
Ибраимовски подоцна се исправи но шегите на негова сметка останаа.
Предходно директорот објави дека некој креирал твитер профил со негово име но нема информација дали од МВР побарал да се најде тој што наводно го хакирал.
Ако Ибраимовски не побарал МВР да го истражи случајот се отвараат други дилеми во јавноста.






