Нов американски удар за Ахмети и ДУИ, пропаѓа пропагандата на Мала Речица за ,,американски бренд”

Со новиот американски удар за Ахмети и ДУИ кој доаѓа преку анализа на корупција и криминал на луѓе блиски на лидерите на ДУИ пропаѓа пропагандата на Мала Речица за оваа партија како ,,американски бренд” кој има поддршка од САД.



Со истражувањата на Радиото Слободна Европа на македонски јазик за огромните пари кои на сомнителен начин се трошат од управен одбор во кој се луѓе на Ахмети, Груби и Ковачевски од Вашингтон доаѓа порака за СДСМ, ДУИ и Алијанса дека САД ја гледа и ја осудува корупцијата на власта.

Пред три дена радиото Слободна Европа кое е јавен сервис финансиран од американскиот Конгрес, објави за скандалозни набавки во Државната Лотарија која ја водат луѓе од доверба на вицепремиерот Артан Груби и премиерот Ковачевски.

Вчера РСЕ објави ново истражување според кое Лотарија на Македонија потпишала договор вреден 2,6 милиони евра за кирија за зграда на акционерското друштво.

Според договорот Лотарија за ресторан за свадби ќе плаќа по 21 илјади евра во наредниве 10 години на фирма која е блиска на ДУИ односно на член на управниот одбор на лотаријата.

Целата анализа

https://www.slobodnaevropa.mk/a/drzhavna-lotarija-zakupi-poraneshen-restoran-za-svadbi-za-2-6-milioni-evra/32642505.html