Носталгија по Тодор Живков: Мит или икона на бугарското општество

Има носталгија за социјализмот како дел од минатото, кое е извор на гордост, а сегашноста, извор на срам. За голем дел од луѓето, Тодор Живков е друг свет, друга ера и предмет на митологизирање.



Вакво мислење за БТВ го искажа социјалниот антрополог Харалан Александров, пренесува Њуз.Бг.

Александров вели дека не би бил изненаден по уште малку манипулирање, Тодор Живков да се најде меѓу иконите на бугарското минато поради неможноста Бугарите да најдат причина да се гордеат во сегашноста.

Истражувањето од пред неколку години покажува дека половина од Бугарите претпочитаат да живеат во времето на социјализмот. Податоците од истражувањето покажа дека само една петтина од анкетираните Бугари на возраст меѓу 18 и 39 години би сакале да живеат за време на социјализмот во Бугарија, додека над две третини од луѓето над 60 години би го претпочитале периодот пред 10 ноември 1989-та кога падна режимот на Тодор Живков во Бугарија.

Според неговите зборови, во денешно време не може да се видат достигнувања и да се препознае дека нешто постигнале луѓето кои се занимаваат со јавна администрација, наука, образование и култура.

Сегашноста се кажува и опишува како целосно промашување, посочи Александров.

Според него, „многу е тешко да се идентификуваме со достигнувањата на актуелното време во кое живееме.

Почнуваме да се срамиме од политичарите што се однесуваат понизно и послушно и одбиваат да работат на работите врз кои треба да имаме контрола“, рече Александров.