Нора Шакири разрешена од директорка на “Театар комедија“

Министерството за култура објави дека министерката , Ирена Стефоска ја разрешила в. д. директорката на Театар Комедија, Нора Шаќири-Марковиќ.



Нова в. д директорка е актерката Магдалена Ризова-Черних.

Одлуката е донесена по добиениот Извештај од Државниот инспекторат за труд.

„Во Извештајот е констатирано дека раководното лице презело активности спротивни на член 34 став 1 алинеа 3 од Законот за спречување на корупција и судир на интереси, член 8-а став 1 алинеа 3 од Изборниот законик и член 11 од Законот за заштита од вознемирување на работно место. Со тоа се потврдува дека раководното лице водело и ја завршило дисциплинската постапка врз вработени во време на изборен процес“, велат од кабинетот на министерката Стефоска.

Медиуми деновиве објавија дека Нора Шакири Марковиќ била прријавена за вршење мобинг кон вработен во институцијата.

Шаќири-Марковиќ дојде на функцијата на 2 февруари годинава, откако Стефоска го разреши дотогашниот  директор Сашо Ристовски поради неправилности во работењето.