Нон-пејперот е „балканска ујдурма“, вели Димитров

Сосема е бесмислен наводниот нон-пејпер што се појави во јавноста, вели потпретседателот на владата за европски прашања Никола Димитров во гостување на „Утрински брифинг“.



„Сум гледал и многу нон-пејпери и многу официјални документи. Прво, можам да кажам дека самиот јазик со кој е напишан не соодветствува на англиската граматика. Оттука претпоставувам дека „документот“ е балканска ујдурма, или пак можеби потекнува од кај нас, но тоа е во сферата на шпекулациите, вели Димитров за Утрински брифинг.

Во врска со односите со Бугарија, Димитров вели дека во овој случај, во односите меѓу Македонија и Бугарија, „историјата не е учителка, туку сме влезени во затворот на историјата“.