Нон-пејпер за прекројување на Балканот: Јанша негира, ЕУ молчи!?

Словенечкиот портал „Нецензурирано“ објавува „верзија“ на наводниот нон-пејпер на Јанез Јанша за прекројување на границите на Балканот. 



Словенечкиот премиер Јанез Јанша демантираше дека постои таков документ, но од Европскиот Совет не стигна таков демант, иако не стигна ниту потврда, пишува Плусинфо.

Српски Б92 објавува дека до сега се појавиле два нон-пејпера но дека „постои и трет“.

Од она што го дознава „Нецензурирано, нон-пејперот со име „Западен Балкан – пат напред“ веќе бил доставен во Брисел во февруари, авторите на документот на се познати, но од содржината лесно се чита дека доминира план за создавање на таканаречените „Голема Србија“ и „Голема Албаниј

Во документот се споменува отцепување на република Српска од Босна и обединување со Србија, со што ќе се решело српското национално прашање, а Белград ќе се откажел од Косово.

За хрватското национално прашање во Босна едно од решенијата е припојување на повеќето хрватски кантони со Хрватска.

Во истиот документ под точка „А“ се предлага обединување на Косово и Албанија, со образложение дека 95 проценти од косовското население го сакало тоа, слично како и населението во Албанија.

Српскиот дел на Косово ќе добие специјален статус – моделиран според Јужен Тирол.

Спротивно на првичните шпекулации дека и делови на Македонија и Црна Гора со доминантно албанско население ќе се припојат кон Албанија, денеска објавениот нон–пејпер не предвидува такво сценарио.

Македонија е спомената само во контекст на европската перспектива и влијанието што Турција го наметнала во земјава.

Од владата за Канал 5 велат дека немаат официјална информација за постоење таков нон пејпер.