No pasaran за рудниците на смртта на Ахмети: ,,Али, поздрави го Арлинд”

Во пост со наслов ,,Али, поздрави го Арлинд!” Илија Вучков ја коментира веста на организацијата ,,Зелена Долина” од каде вчера објавија дека ДУИ влегува во бизнисот со ,,Рудниците на смртта”, во источна Македонија.



Вучков кој е претседател на ,,ЕМКИЦЕ центар за знаење и иновации” смета дека ако е оваа информација вистинита а досега никој не ја демантираше, тешко дека ќе пројде планот “рудници” во единствениот со вода и почва чист регион на Гевгелија, Богданци, Дојран, Валандово, Струмица , Радовиш…

Вучков смета дека југот на Македонија и народот тука што живее поминал војни и војни колку што баш Али не ни можел да сонува до сега и затоа лидерот на ДУИ треба да биде подготвен да ја изгуби оваа битка.

,,Во археолошките локалитети и во гените на овие луѓе на овој регион е се што поминал светска историја на војни од 900год пред Христа и прадедовци на Филип, па Филип 2ри Македонски, па син му Александар Македонски, па римските војни, па византиските, па самуиловистичките, па регионалните војни и борби на крали Марко и Скендер бег, па отоманските војни и борби, па сите бунтови и востанија во далеку потешки услови од денска, па илинденците, па балканските војни и прва и втора, па светските војни особено втора светска војна и така се до 1945година..

90% од сите фронтови и сите борби биле во овој регион или борци регрутирани од овој регион (плус Кукуш и Сер), плус целото производство на храна, намирници, трговија исток запад, па и оружје било преку овој регион. Не заборавај!!!”, му порачува Вучков на Ахмети и му вели да има на ум дека на овие простори е измислена и родена структурата на ќелии на востаниците и системот на пораки..

,,..што подоцна одкога ја поднаучила ЦИА како функционира, ја користат и ЦИА, ЕТА, ИРА, ИСИС и неколку други ,
а тоа што УЧК била на брзинка приучена структура и некој од запад ви ја раскажал,
овдека пра пра прадедовци на народов од овие градови во левото маде го носеле тоа знаење,
и овие основни лидерски правила што ви ги пренеле, ги криеле во чмарот на камилите и воловите што ги користеле на овие простори.
Не заборавај!!!”, пишува Вучков за информацијата од ,,Зелена Долина” која е содржана во овој текст:

ДУИ влегува во бизнисот со ,,Рудниците на смртта” во Струмичко