Ноќеска во Прилеп е запалено патничко возило сопственост на пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ од овој град Петар Ристески.
Возилото било паркирано до неговата семејна куќа која што исто така можела да настрада во пожарот, тврдат очевидци.

Засега ниту неофицијално нема информација кој го запалил возилото на прилепскиот пратеник на опозицијата ниту има познат мотив за пожарот.
Она што е извесно е дека возилото на Ристески било намерно опожарено.
Ристески деновиве имаше жесток настап во собранието против Францускиот предлог.




