Околу 3 часот утринава непознати лица го запалиле автомобилот на првиот вицепремиер Артан Груби, објави весникот КОХА.
Инцидентот се случил на улицата „Струмичка“, во скопската населба Чаир.
Полицијата во придружба на тим на скопското обвинителство излегла на местото на настанот рано изутрината и го истражува случајот.
Предходно во Скопје беа запалени возила на командири на затворот Идризово но ова е прв пат да изгори возило на најмоќниот член на владата јавува Коха.






