На барање на Специјалното јавно обвинителство, ноќеска биле приведени во затворот „Шутка“ поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески и поранешниот генерален секретар на владата Кирил Божиновски.
Одлуката за приведување ја донел Кривичниот суд пренесе МИА.
Јанакиески и Божиновски се обвинети во неколку предмети на СЈО за кои се водат судски постапки.
Приведувањето следува по бегството на поранешниот премиер Никола Груевски во Унгарија.
Претходно, Јанакиески го осуди бегството на Груевски во Будимпешта, а истото го стори и поранешната министерка за внатрешни, Гордана Јанкуловска, која е обвинета во истиот предмет „тенк“ како и Груевски.





