Швајцарски весник пишува дека бугарскиот рецепт за Македонија е како оној на рускиот претседател Владимир Путин, само без тенкови, пренесува Дојче Веле.
„Ноје Цирхер цајтунг“ оценува дека одењето во Брисел не им вредело на земјите од Западниот Балкан. Ни трага од некаква искреност на ЕУ кон регионот, пишува весникот.
На Самитот на ЕУ во Брисел имаше една главна и една споредна бина, пишува швајцарскиот „Ноје Цирхер цајтунг“.
„На главната бина расположението беше искрено и по малку патетично: Украина и Молдавија добија кандидатски статус.
(…) На споредната бина се собраа претставниците на шесте држави од Западниот Балкан. Атмосферата таму беше изразено лоша. И таму се играше драмата ‘проширување на ЕУ’. Но таа претстава веќе предолго се игра. Албанскиот премиер Еди Рама ја нарече „Чекајќи го Годо“, една бескрајна драма.”
НЦЦ понатаму оценува дека земјите-членки на ЕУ постојано наоѓаат причини да ги блокираат дури и малите чекори на приближување на земјите од регионот. Како пример за тоа го истакнува случајот на Македонија, која е кандидат од 2005 година.
Комесарот за проширување на ЕУ Оливер Вархеји ги прогласи бугарските уцени за сериозен приговор. Тоа не значи ништо друго освен дека Северна Македонија мора да го прифати бугарскиот поглед на историјата, доколку сака да се приближи до Унијата. Тоа е рецептот на Путин за однос кон соседите- но по елегантен, без тенкови,“ пишува НЦЦ.





