Ноев: Не ги спориме идентитетот и јазикот на Македонија, бараме Бугарите да се рамноправни таму

Бугарија не ги оспорува идентитетот и јазикот на Македонија, туку само бара рамноправност за Бугарите таму, порача Бојко Ноев, бугарски дипломат од кариера, поранешен министер за одбрана и бивш амбасадор во НАТО.



„Тоа е меѓународна норма присутна во сите документи на ЕУ. Без тоа не може да се продолжи“, категоричен е Ноев во интервју за бугарското Радио Фокус. „Бидејќи ќе одземе време историјата, ќе одземе време прочистувањето на учебниците, затоа правата на Бугарите во Северна Македонија ќе бидат дел од преговарачкиот процес. А тоа што некои европски пријатели не сакаат тоа да се случи: не сакаат – не сакаат. Ние, пак, не сакаме друго. Тоа е“.