Внатрешните политички дебати на политичарите од РСМ се нивна работа. Но, кога се обидуваат да ја префрлат вината за своите неуспеси од болната глава на здравата, а особено кога се обидуваат да и наметнат таква вина во Бугарија, работите очигледно не одат во добра насока, пишува во коментар за БГНЕС, Бојко Ноев, дипломат и поранешен министер за одбрана.
Тој е изненаден од изјавите на македонскиот МНР, Бујар Османи,кој околку македонско-бугарските односи минатата недела изјави дека доколку вака продолжи, Скопје би изгубило интерес и „топката била во полето на Бугарија и ЕУ“, дека според Османи, „можеби ова е единствената и последна шанса да ги спасиме нашите односи со Бугарија“ , дека „ние сме должни да не ги подложуваме граѓаните на вакви бескрајни разочарувања и во одреден момент мора да се повлече линија за да се каже: доста“, и дека: „како Влада повеќе не можеме да се занимаваме само со ова прашање. ќе мора да се фокусираме внатре, да продолжиме со реформите“, го цитира Ноев Османи….
Бов прашува ,„што им вели Скопје на Бугарија и на ЕУ за прашањето за елиминирање на дискриминацијата што се демне над македонските Бугари со децении, а особено за фундаменталното прашање за нивното барање да бидат вклучени во Уставот, на рамноправна основа со другите Македонци. Албанци, Роми, Турци, Бошњаци, Срби и Власи кои живеат на територијата на денешна РСМ“.
И Додава: Скопје вели: „Да, точно е, фер е, но сега не може“. Не можеше, бидејќи гледате, нема доволно гласови во парламентот на РСМ за поддршка на уставната рамноправност на Бугарите.
Па каде тргнале за ЕУ, признавајќи дека од политички причини не можат да го исполнат овој клучен критериум за членство, како што се човековите права и еднаквоста?
Зошто решавањето на ова прашање е покомплицирано од промената на името и другите важни државни атрибути кои по налог на Грција поминаа во парламентот во Скопје за пет и пол месеци?
Денешната власт се правда со опозицијата, проблемот бил Мицковски, вели Ноев.
Па, што е тогаш виновна Бугарија, па мора да и се закануваат со ултиматуми, дека роковите и дозволуваат да се откаже од правото да се грижи за своите граѓани во РСМ, кое право, патем, е експлицитно напишано во билатералната договор од 2017 година
Одложувањето на уставните гаранции за рамноправност на македонските Бугари за неодредена иднина, обидите да се поврзат со евентуалното усвојување на ПКМ во ЕУ во годините што доаѓаат, не е ништо повеќе од основна зделка за човекови права што ниту едно угледно општество не би прифати“, констатира дипломатот.






