„Додека не се загарантираат правата на Бугарите во РС Македонија, Софија ќе биде скептична во врска со започнувањето на преговорите на РСМ за членство во ЕУ.



Решавање на проблемите на Бугарите, нивното недискриминација е централно прашање што Скопје мора да го реши доколку сака да стане член на европското семејство“, вели во интервју за БГНЕС Бојко Ноев, дипломат од кариера и два пати министер за одбрана / 1994-1995 и 1999-2001 /.

Интервјуто е по повод актуелните случувања во односите меѓу двете земји и изјавата на премиерот Зоран Заев во врска со ова.

Премиерот Заев денеска рече дека Бугарите можат да бидат вметнати во македоскиот Устав кога Македонија ќе биде пред влез во ЕУ.

„Внимателно ги следам официјалните позиции на Бугарија, изразени и од претседателот Румен Радев и од премиерот Стефан Јанев и од министерот за надворешни работи Светлан Стоев. Министерот за надворешни работи никогаш не зборувал за признавање на бугарското малцинство во РС Македонија, како што тврдат некои.

Не постои таков термин и не е возможен. Она што министерот за надворешни работи го рече на прес-конференцијата минатиот петок е буквално дека Бугарите во РСМ треба да се третираат подеднакво со сите други националности или делови од нации, како што се формулирани во Уставот и законите на РСМ“.

Фактот што некои медиуми и аналитичари, поради незнаење на терминологијата или од други причини, го користеле зборот „малцинство“ е посебно прашање.

Ноев е категоричен дека правата и недискриминацијата на македонските Бугари е клучно прашање во позицијата на Софија во однос на Македонија.