Нобеловецот Кругман во Македонија: Поправете си ги патиштата

Патиштата ви се лоши, поправете ги! Ова е пораката на нобеловецот Пол Кругман, откако со автомобил ја помина релацијата Скопје – Охрид. Тој смета дека локацијата на Македонија е добра, но за повеќе инвестиции и побрз раст, неопходни се инвестиции во патната инфрструктура.



– Ако сакате инвестиции од Холандија, Германија, мора да работите на патната инфраструктура. Таа е најважна, истакна Пол Кругман, американски економсит добитник на нобелова нагрда во 2008.

Пол Кругман вчера беше одликуван од претседателот Стево Пендаровски Орден за заслуги за Република Северна Македонија. Орден доби и Стопанската комора на РСМ, а на нејзиниот претседател Бранко Азески му додели Повелба.

Пол Кругман, нобеловец, истакнат професор по економија, меѓу другото автор и уредник на 27 книги, преку 200 научни статии во стручни списанија, орденот од Пендаровски го доби за иновативност, визија и особен придонес во сферата на економијата, преку поставувањето нов модел на меѓународна трговија, усовојување нови дисциплини во меѓународната економија, како и за неговата дејност како универзитетски професор и објавувањето голем број значајни научни дела и трудови.