Нобеловата награда за мир ќе биде доделена денеска во Осло, но во отсуство на лауреатката Наргес Мохамади, која моментално е во затвор, а ќе ја претставуваат нејзините деца.
Иранската активистка Мохамади – жесток противник на задолжителниот хиџаб за Иранките и смртната казна во нејзината родна земја – беше апсена и осудена многу пати во последните децении.
Таа е притворена од 2021 година во затворот Евин во Техеран.
Денеска, 17-годишните близнаци на Мохамади, Али и Киана, ќе ја примат Нобеловата награда во име на нивната мајка. За време на церемонијата на доделување, тие ќе рецитираат говор напишан од нивната мајка, кој е прошверцуван од затворот во Техеран каде што таа се наоѓа.
Мохамади е еден од најистакнатите ирански активисти за човекови права.
Близнаците не ја виделе својата мајка девет години. Тие престојуваат во Франција од 2015 година.
Затворената иранска лауреатка на Нобеловата награда за мир Наргес Мохамади се очекува денеска да започне нов штрајк со глад, соопшти нејзиното семејство во саботата.





