Неандерталците и други типови на праисториски луѓе се мешале со хомо сапиенсот пред 50.000 до 60.000 години и сега тоа го потрдии шведскиот генетичар Сванте Пабо кој годинава ја доби Нобеловата награда за медицина.



Пабо успеа да направи секвенционирање на ДНК-та на еден неандерталец, познат по името Денисовски човек, пронајден во Денисовската пештера во Русија.

Во март 2010 година Пабо и неговиот тим пронајдоа доказ дека гените на Денис биле пренесени на обичен човек, хомо-сапиенс. Тој и неговиот тим, исто така, заклучиле дека веројатно имало вкрстување помеѓу неандерталците и евроазиските во Јужна Европа.

Според Пабо, ова мешање на нивните гени влијае на сегашните наши гени и на тоа како реагираме на вируси и инфекции. На пример на коронавирусот.