„НМ“: Септември 2022 како „Месец на македонско-американското наследство“ и за славење на македонскиот јазик

„Во Конгресот на САД е покрената резолуција за прогласување на септември 2022 за ‘Месец на македонското американско наследство’ и за славење на македонскиот јазик, историја и култура на македонските Американци и нивниот ‘неверојатен придонес’ за Соединетите Американски Држави.“ – информира весникот „Нова Македонија“ во својата статија со наслов „Конгресот на САД ќе донесе резолуција за славење на македонскиот јазик и наследство“.



„Нова Македонија“ пишува: „Во образложението на резолуцијата е дадена цела историографија на придонесот на македонската заедница за САД и печатот што таа го оставила во оваа држава поради, што треба да се слават нивниот јазик, култура и постигнувања. Има многу факти кои ја прават појасна за нас сликата за нашите иселеници во САД, вклучувајќи го и тоа дека тие бројат околу 500.000 и дека првиот Македонец таму стапнал – околу 1492 година.“

„Во моментов македонската заедница во САД е енергична заедница која е вградена во американскиот мозаик, учествувајќи во сите сфери на животот, бизнисот, медицината, правото, технологијата, граѓанскиот ангажман, владата, војската, образованието, уметноста, кулинарството, атлетиката и многу повеќе.’ – се вели во резолуцијата. Според неа, „македонските Американци придонеле за изградба на монументални американски транспортни рути како што е Големата северна железница. Во 1922 година, македонско-американските имигранти Том и Џон Кираџиеф, користејќи стари македонски рецепти пренесени од нивните родители и баби и дедовци, го создадоа чилито Синсинати, омиленото американско јадење, кое во 2013 година од Смитсонијан беше прогласено како едно од ‘20-те најисконски јадења во Америка.“

„Македонските Американци придонесоа за изградбата на неколку десетици Македонски православни цркви низ САД како дел од Американско-канадската македонска православна епархија, под тековно покровителство на Митрополитот Методи и одиграа голема улога во другите православни црковни општини. Оваа година се одбележува 10-годишнината од Конгресната македонска група, основана од поранешната членка на Конгресот Кендис С. Милер, со која моментно сопретседаваат претставниците Брендан Ф. Бојл, Клаудија Тени, Деби Дингел и Лиза МекКлејн.“

Интернет – врска до целата статија:

https://www.novamakedonija.com.mk/featured/kongresot-na-sad-kje-nosi-rezolucija-za-slavenje-na-makedonskiot-jazik-i-nasledstvo/