„Насоченоста кон надворешната политика наместо на секојдневните грижи на Французите му донесе на Емануел Макрон успех на претседателските избори одржани во април, но таквата стратегија би можела да го чини скапо на денешниот втор круг од парламентарните избори на кои неговата коалиција бара апсолутно мнозинство, според ‘Политико’. – пренесува весникот „Нова Македонија“ во својата редакциска статија со наслов „Стратегијата со предлогот за ветото може скапо да го чини Макрон?“
„Нова Македонија“ пишува: „Францускиот претседател во екот на кампањата неделава ја посети Украина. Беа напоменати и неговиот личен интерес, како и големиот ангажман од француското претседателство со Европскиот совет за решавање на спорот помеѓу Македонија и Бугарија. Тоа се согледува и преку францускиот предлог за кревање на ветото на Бугарија кон Македонија што е актуелен деновиве.“
„Француските дипломати во Брисел одбиваат да кажат официјално дали предлогот објавен во бугарските и македонските медиуми е автентичен. Во текот на последните неколку дена повеќе документи беа објавени во Бугарија и Македонија. Меѓу нив е новата преговарачка рамка, која, ако биде прифатена од сите страни, би била усвоена на Европскиот совет в четврток. Оваа рамка наводно ги интегрира француските предлози дадени во Софија, и за кои македонските власти официјално велат дека не ги добиле.“
Според ‘Политико’, Макрон ја загуби поддршката од девет отсто од гласачите во однос на претседателските избори, бидејќи Французите му забележуваат оти се насочува кон глобалните проблеми, наместо на нивните секојдневни грижи. Испитувањата на јавното мислење сугерираат оти надворешната политика моментно котира слабо меѓу приоритетите на Французите.“
„Соочувајќи се со неизвесност, Макрон имаше апокалиптичен тон за време на последната недела од кампањата пред денешниот втор круг од парламентарните избори, велејќи дека државата се соочува со хаос, ако не му додели апсолутно мнозинство, пишува ‘Блумберг’.“
„Макрон беше избран на претседателската функција во 2017 година. Со освојувањето нов мандат во април тој доби уште пет години за остварување на целите, но неговата способност за спроведување на клучните реформи ќе зависи од бројот на места во парламентот, што ќе ги освои неговата коалиција.“
„За апсолутно мнозинство му се потребни 289 пратенички места од вкупно 577 во националното собрание. Резултатите од првиот круг сугерираат оти коалицијата на Макрон ќе добие мнозинство, но со значително намален капацитет. Анкетите предвидуваат дека ќе освои помеѓу 252 и 305 места во парламентот.“
Интернет-врска до целата статија:





