„Лидерката на Бугарската социјалистичка партија (БСП) и вицепремиерка во бугарската Влада Корнелија Нинова отворено го критикуваше претседателот на Бугарија Румен Радев, повикувајќи го да престане да шпекулира во врска со темата Македонија.“ – објави весникот „Нова Македонија“ во информацијата со наслов „На Радев му порачаа да престане со шпекулациите во врска со Македонија“.
„Според неа, Радев го користи патриотизмот на Бугарите за личен рејтинг. ‘Претседателе, подло е да се користи патриотизмот на Бугарите за личен рејтинг.’ – напиша Нинова на Фејсбук.“
„Нинова е децидна дека Владата нема да го укине ветото и дека единствено тело, што може да одлучува за ова е Народното собрание на Бугарија.“
„Таа го потсетува претседателот Радев дека Народното собрание е највисок орган во парламентарната република, затоа што во него се е јавно и отворено и затоа што таму се и власта и опозицијата и никој не може да манипулира со нив.“
„Советодавниот совет за национална безбедност на претседателот дава само консултации, додека одлуките на Народното собрание имаат сила на закон и се обврзувачки. Кој ќе ги прекрши одговара.’ – децидна е Нинова.“
„Ако му кажеме на Европскиот совет следната недела ‘Не’, дали ќе излезете да се извините, што лажете?’ – напиша Нинова на Фејсбук, обраќајќи му се на бугарскиот претседател.“
„Дописникот на МИА од Софија потсетува дека Румен Радев двапати бил кандидат на Бугарската социјалистичка партија за претседател на Бугарија во 2016 и 2021 година, а неговата кандидатура ја поднела лидерката на оваа партија Корнелија Нинова.“





