„Контроверзиите предизвикани со неодамнешното отворање на бугарскиот културен центар ‘Ванчо Михајлов’ во Битола се прелејаа и во Србија, каде што најстариот дневен весник ‘Политика’ остро го осуди чинот, како и однесувањето на бугарските власти. Тоа наиде на негодување од бугарските медиуми.’ – објави весникот „Нова Македонија“ во својата редакциска статија со наслов „Ванчо Михајлов’ ги судри Србите и Бугарите – сеништето на фашизмот пак под македонското небо“.
„Нова Македонија“ пишува: „Она што се случи неодамна под македонското сонце во Битола, градот на почесните конзули, не е бајка, колку и да изгледаше нереално. Прикзаната за тој настан можеме да ја почнеме вака – 77 години по победата над фашизмот во Македонија оваа несреќа од минатото повторно стана актуелна тема. ‘Добрососедската’ земја на Македонија испрати нејзина делегација уште еднаш да го понизи македонскиот народ со отворањето на бугарскиот културен центар во Битола чие име е ‘Ванчо Михајлов’. Тој беше соработник на Хитлер, Мусолини, Павелиќ, бугарскиот цар Борис Трети…’ – пишува белградска ‘Политика’ за отворањето на бугарскиот културен центар во Битола.“
„Белградскиот весник изрази негодување и за политиката на Бугарија кон Македонија, односно за присуството на бугарската делегација предводена од премиерот Кирил Петков на отворањето на културниот центар.“
„На македонскиот народ во текот на тие мрачни времиња не само што му беше оспоруван македонскиот идентитет, туку му беше газен и со фашистичката чизма. Дали именувањето на културниот центар ја крие пораката: ‘Ова е Бугарија?’ Овој бугарски чин, што ја рехабилитира нацистичката и фашистичката идеологија, го промовираше лично бугарскиот премиер Кирил Петков. Ниту тоа не беше се. Нокаут е неговата изјава оти тоа е мост ‘меѓу двете држави’, и тоа во време кога официјалната бугарска политика смета дека Македонија може да влезе во ЕУ само како земја во која живее народ, чие потекло е бугарско, како и оти Бугарите мораат да бидат дел од Уставот на Македонија.’ – наведува дописникот на ‘Политика’ од Скопје.
„Дописникот на белградска ‘Политика’ од Скопје заклучува и дека сеништето на фашизмот повторно се појавило под македонското небо, со заоѓањето на ‘јасното сонце’.“
„Бугарски ‘БГНЕС’ реагираше на објавата на ‘Политика’, наведувајќи дека белградскиот весник ги повторил сите антибугарски пишувања од Македонија во изминатите две недели во ‘заедничкиот напад на Скопје и Белград’.“
„Во текстот не пропушта ниту една референца за антибугарската реторика на македонските политичари, но публикацијата си дозволува бугарската делегација во Битола да ја опише како ‘фашистички марш’. – јави известувачот на ‘БГНЕС’, пренесувајќи го текстот на ‘Политика“.
Home Македонија НМ: „Политика“ ја обвини Бугарија дека ја рехабилитира фашистичката идеологија со Ванчо...





