(…)



Со години се зборува дека особен, дури политички предизвик, е дигитализација на јавната администрација. Кога политичарите зборуваат за дигитализација, најчесто истакнуваат дека е докажано „како со дигитализација на процесите се подобруваат услугите за граѓаните“. Но сега сѐ почесто се нагласува дека со дигитализација на процесите ќе се намали ниската корупциј, пишува Јасминка Павловска во текст на Нова Македонија околу денес актуеланата „ дигитилизација„.

„Високата корупција, сепак, и понатаму не е во доменот на можностите на дигитализацијата, но се смета дека може да ја реши т.н. „шалтерска корупција“ или административна ароганција со која граѓаните се принудени да се соочуваат за извршување банални административни процедури, како еден вид „данок на негативна традиција“.
Но дигитализацијата, сепак, претставува поголема стапица за партизираниот начин на функционирање на администрацијата, односно терен на кој вирее партискиот клиентелизам. Логичното прашање што се наметнува е:

Ако дигитализацијата ги поедноставува процедурите, тогаш зошто не се преполови и онака тромавата администрација, за што постојано во извештаите на Европската комисија ни доаѓаат опомени од Брисел?

Можат ли партиите да се откажат од опцијата за вработувањата во администрацијата на партиски членови и следбеници, доколку се дигитализираат повеќето административни процеси?

Или, повторно, и покрај дигитализираните процеси, трошоците на енормниот број административци, кои без оглед што ќе немаат што да работат, и понатаму ќе земат плата, ќе останат врз грбот на граѓаните?

Впрочем веќе имаме едно такво долгогодишно искуство, со феноменот на т.н. рамковно вработени, кои со години не се појавуваа на работа (дури и не знаеја каде се вработени), но редовно добиваа плати, придонеси и сите привилегии за стекнат работен стаж. Предизвикот на дигитализацијата во Македонија не е во менталитетот, незнаењето или неприфаќањето на граѓаните да ги користат опциите што, секако, ќе им го олеснат и унапредат квалитетот на живеењето.

Вистинскиот предизвик е политичкиот менталитет на партизирано владеење, преку кој секоја можност за економски, технолошки и општествен развој се манипулира и изопачува во интерес на политичко-партиските потреби“, констатира Павлоска.