Американскиот магазин Newsweek објави преглед на нови доверливи документи од масовното протекување информации од Пентагон.



Тие го откриваат конкретниот датум на кој била планирана украинска контраофанзива.

Новинарите на Newsweek прегледале повеќе од 40 документи кои содржат разузнавачки информации, од кои 20 се објавуваат за прв пат.

Од информациите содржани во документите, може да се извлечат следните заклучоци>

Руската агресија не оди добро. Од јули минатата година, напредокот во Бахмутб е околу 2,6 км месечно.

Бројот на платеници кои учествуваат во борбите околу Бахмут во голема мера го надминува бројот на војници од редовната армија. Според американските разузнавачи, 22.000 борци на ПМЦ „Вагнер“ сочинуваат 70% од оние што учествуваат во борбите.

Еден од документите забележува дека Русија „одговорила“ на извидувачките летови на САД и НАТО, па вреди да се испита дали има смисла тие да продолжат.

Неколку други документи се однесуваат на испорака на оружје за Украина пред контраофанзивата планирана за 30 април.

Сите овие документи беа подготвени од Дирекцијата за разузнавање на Здружениот началник на Генералштабот и беа основа на дневните брифинзи во периодот од 27 февруари до 1 март.

Нивното значење е проценето на различни начини, но тие несомнено ја одразуваат перспективата на американските разузнавачки служби за војната.

Додека откритијата за процентот на платеници на на Вагнер во Бахмут се секако интересни, најважната информација е дека, според изданието, „испораките на оружје“ ќе завршат со „пролетната офанзива“ планирана за 30 април 2023 година.

Пред тоа значително ќе се зголеми борбениот капацитет на деветте бригади.

„Вкупната потребна опрема за деветте бригади е 253 тенкови, 381 БМП, 480 возила, 147 артилериски парчиња и 571 американски оклопни возила HMMWV“, се вели во документот.

Десеттиот украински оперативен корпус, составен од девет бригади кои се реопремени од САД и сојузниците, ќе ја изврши офанзивата. Како и три дополнителни бригади, кои ќе бидат „целосно екипирани од Украина“.

Интересно е што документот беше класифициран како „потенцијално достапен“ за Финска, тогаш сè уште не членка на НАТО, но не и за Шведска, која сè уште беше релативно далеку од пристапување во Алијансата.