Сателитските снимки го побиваат тврдењето на Русија дека убиството на цивили во Буча, предградие на главниот град на Украина, се случило откако нејзините војници го напуштиле градот, покажа анализата на Њујорк Тајмс.
Мртви тела на цивили во Буча со недели лежат на улиците, и покрај тврдењата на руската војска дека убиствата се случиле откако нивните трупи го напуштиле градот, пренесува „Њујорк тајмс“.
Анализата на сателитските снимки пред и по што ги направил „Њујорк тајмс“ покажуваат дека дел од телата на убиените се наоѓаат таму повеќе од три недели, односно во периодот кога руските сили го контролирале и тој регион.
Руските власти и натаму велат дека станува збор за пропаганда на непријателската страна и нагласуваат дека и тие имаат докази кои покажуваат дека Западот лаже, а кои најавија дека ќе ги презентираат советот на Обединети нации.







