Њујорк Тајмс: САД бараат Израел да почека со инвазијата на Газа

Администрацијата на Бајден го советувала Израел да ја одложи копнената инвазија на Газа, надевајќи се дека ќе купи време за да преговара за ослободување на заложниците и да обезбеди испорака на хуманитарна помош за Палестинците во енклавата.



Ова го објави Њујорк Тајмс, цитирајќи неколку американски официјални лица.

Американците, исто така, бараат повеќе време да се подготват за можни напади врз американските интереси во регионот од групи поддржани од Иран, за кои постои сериозна загриженост дека голема копнена операција во Газа би ги интензивирала.

Соговорниците на весникот забележуваат дека американската администрација не поставува барања кон Израел и продолжува да ја поддржува копнената инвазија и целта на Израел да го елиминира Хамас.

Советите за одложување на копнената операција им беше пренесена на Израелците од секретарот за одбрана Лојд Остин.

Но, неименуван дипломат од израелската амбасада во Вашингтон негираше дека американската влада ги советувала Израелците да ја одложат копнената инвазија.

„Ние сме во близок дијалог и консултации со американската администрација. САД не вршат притисок врз Израел во врска со копнената операција“, рече тој.