Администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден размислува да ги зајакне офанзивните способности на Украина за да ѝ помогне да им возврати на руските војници на окупираниот Крим, објави Њујорк Тајмс (NYT).



Спореед весникот, Вашингтон со години одбива да ја признае руската анексија на Крим. Сепак, од целосната инвазија на Русија на Украина, таа продолжи да одржува „цврста линија“ со тоа што не доставува оружје со долг дострел што може да ги погоди руските бази на полуостровот.

Но, според „Њујорк тајмс“, таа линија веќе почнува да омекнува. По неколкумесечни разговори со украинските претставници, администрацијата на Бајден е убеден дека на Киев му требаат средства за да ги нападне руските бази.

Дури и ако таквиот потег би го зголемил ризикот од ескалација.

Конкретно, според изворите на Њујор тајмс, американскиот претседател е убеден дека ударите против Русите на Крим ќе ја зајакнат позицијата на украинската страна во какви било идни преговори.

Истовремено, стравувањата дека Кремљ може да возврати со тактичко нуклеарно оружје, исчезнаа во последниве месеци.

Весникот наведува дека администрацијата на Бајден во моментов размислува за еден од своите најхрабри чекори – да и помогне на Украина да го ослободи полуостровот, што рускиот претседател Владимир Путин го смета за елемент за „враќање на нејзината поранешна слава“.

Разговорите со украинската страна вклучуваат можност за користење на различно американско оружје – од ракетни системи ХИМАРС до борбени возила Бредли.

Во исто време, Бајден сè уште не е подготвен да и обезбеди на Украина ракетни системи со долг дострел.

Иако весникот нагласува дека со одлуката за предавање на борбените машини Бредли, американската страна сега е блиску до директна помош во напредувањето кон Крим.