Едно лице загина, а три други се ранети во саботата во престрелка во Бруклин и Квинс кои њујоршката полиција ја опиша како „случајни“ по природа, јави Си-Ен.Ен.
Вооружен маж кој возел скутер без регистерска табличка отворил оган на пет различни локации во Јамајка, кварт во квартот Квинс и во Бруклин, соопшти њујоршката полиција.
25-годишен маж бил приведен и кај него бил пронајден пиштол калибар 9 милиметри со продолжен магацин, соопшти полицијата на прес-конференција во саботата попладне.
„Не го знаеме мотивот. Се чини дека ги убил по случаен избор“, рече Џозеф Кени, помошник началник во Детективското биро на њујоркшката полиција.
„Во овој момент, видеото покажува дека тој не цели никого, тој не следи никого. Додека вози на својот скутер, тој по случаен избор пука во луѓе“.







