Њујорк ќе го води бивш полицаец и борец против расната дискриминација

Демократот Ерик Адамс, кој е поранешен полицаец и борец против расната дискриминација, победи на изборите за градоначалник на Њујорк.



Адамс го победи републиканскиот ривал Кертис Силва со голема разлика, со што стана вториот Афроамериканец на чело на американската економска и културна престолнина.

Адамс (61) ќе ја преземе функцијата градоначалник во јануари 2022 година од демократот Бил де Блазио. Актуелниот градоначалник на Њујорк немаше право на нов мандат, бидејќи на оваа функција беше осум години.

Во кампањата Адамс ветуваше дека ќе ја подобри јавната безбедност и да им даде глас на жителите на метрополата од работничката класа врз основа на неговото искуство како полициски капетан и како црнец кој лично доживеал полициско насилство во младоста.

Првиот црн градоначалник на Њујорк, Дејвид Динкинс, почина во ноември минатата година, а беше градоначалник во 1990-тите години.