Градоначалникот на Њујорк Ерик Адамс ја прогласи оваа сабота, 16 септември, за ден на македонското наследство.



Месец на македонско-американското наследство прогласено во Чикаго и Мичиген

Тој, заедно со македонската заедница во Њујорк, денес ќе го крене македонското знаме на настан во Менхетн, по повод 32 години од независноста на Македонија, јавува Гласот на Америка.

„Македонските Американци ќе продолжат да играат клучна улога како што преземаме цврсти чекори да го придвижиме нашиот глобален град напред“, рече градоначалникот Адамс во известувањето.

Тој рече дека во Њујорк „нашите македонски сестри и браќа го промовираат нивното богато наследство и прават позитивна разлика“.