18-годишnik вооружен со најмалку три пиштоли се движел низ улиците во округот Сан Хуан, Ново Мексико,во северозападниот дел на Ново Мексико, пукајќи по случаен избор кон автомобили и куќи во понеделникот, убивајќи три лица, а повредени шест други, вклучувајќи двајца полицајци пред да биде убиен, соопштија властите, пренесе АП.
Застрелани се неколку цивили, соопшти полицијата, додавајќи дека осомничениот бил неутрализиран на местото на настанот.
Во својата најнова објава на Фејсбук, полицијата соопшти дека не верува дека има втор осомничен и ги овластила училиштата да ги укинат заклучувањата на зградите што беа воведени како мерка на претпазливост по веста за активен напаѓач.






