Нов интересен тендер, сопругот на Царовска со дрон ќе снима скопска вегетација за 1.000.000 денари

Компанијата за снимање со дронови сопственост на сопругот на министерката за образование Мила Царовска ќе ги снима шумските растенија во Скопска котлина по нарачка на Град Скопје.



Компанијата на сопругот на Царовска „Флај кем“ склучила договор за проектот со Град Скопје во вредност од над еден милион денари или 16.250 евра.

Задачата на фирмата на сопругот на министерката за образование Мила Царовска „Флај кем“ е да ги набљудува од дрон шумите во скопската котлина за рана детекција на растителни болести.

Договорот ќе трае една година а фирмата ќе треба да изврши Три Д мапирање на теренот со таканаречена мултиспектрална камера за набљудување на вегетацијата.

За да се заврши целиот проект Град Скопје ќе треба да обезбеди лиценциран софтвер во кој ќе се прават мерењата на на теренот во скопско.