Премиерот Заев и министерот за здравство Филипче не ги исполнија јавните најави што ги дадоа пред Нова Година.
Денеска тие објавија слика со своите синови без сопруги.
Предходно Заев рече дека три дена за Нова Година ќе биде облечен во пижами а Филипче најави дека новогодишните празници ќе ги мине со семејството.
Освен ако министерот не го смета својот шеф во владата Заев за семејство а премиерот кожната моторџиска јакна не ја смета за пижами и двајцата не си стојат на јавно дадениот збор.
“Времето кое го поминуваме со децата е најважно. Работните обврски си го прават своето, но секогаш се трудиме и наоѓаме време за нашите синови Иво и Душко. Денеска денот е за дружење со децата ❤️. Бесценети мигови со нив, на убавата Беласица. ?☀️”, напиша Филипче на Твитер.
Времето кое го поминуваме со децата е најважно. Работните обврски си го прават своето, но секогаш се трудиме и наоѓаме време за нашите синови Иво и Душко. Денеска денот е за дружење со децата ❤️. Бесценети мигови со нив, на убавата Беласица. 🌲☀️ pic.twitter.com/uG9QNYIYmz
— Венко Филипче (@VFilipche) January 2, 2021
Предходно Заев на моторџиски тури го носеше актуелниот вицепремиер Димитров кој сега не е со нив.
Поврзана вест
Лекарската комора на потег за телефонот на Филипче во операциона сала





