Ова го тврди координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски според кој власта го одолговлекува процесот бидејќи нема мнозинство.
„Овој процес се одолговлекува од минатата година кога го донесоа Францускиот предлог. Владата тогаш најавуваше дека има 80 пратеници и дека брзо ќе влезат уставните измени во собраниска процедура. Потоа се кажа дека ќе се продолжи во декември, па дека ќе одат во февруари, па мај, дојдовме до јули и пак се спомнуваат термини“ – рече Мицески а пренесе Плусинфо
Тој додаде дека згрешен е целиот процес од сам почеток и дека уште на почеток ВМРО-ДПМНЕ уште кога беше договорот со Бугарија укажуваше каде се проблемите и има замки кои Бугарија успеа да ги искористи.







