Штрајкот во образованието влезе во втората недела, нема договор со владата за барањето на СОНК за зголемување на платите за 18,4%. Од владата велат на вработените кои штрајкуваат ќе им бидат исплатени само придонесите. Во меѓувреме заменските наставници во градинките и училиштата ги згрижуваат децата.
Притисоците врз штрајкувачите се засилуваат, но тоа нема да не поколеба , велат од СОНК
Започна втората недела откако СОНК спроведува штрајк во училиштата и градинките, вчерашната одлука на Советот на синдикатот да не ја прифати понудата од владата за зголемување на платите од околу 2500 денари, за што се изјаснија 95 % од синдикалните организации.
Притисоците врз штрајкувачите се засилуваат, но тоа нема да не поколеба да истраеме, велат од СОНК. Според нив, исплатата само на придонесите додека штрајкуваат, што вчера ја најави владата и обидот да се ангажираат заменски наставници во училиштата, се притисоци кои не значат ништо, рекоа од синдикатот.
Линк до целиот текст.






