Ништо од средбата Вучиќ – Курти во Брисел, напредок нема

Лидерите на Србија и Косово, Александар Вучиќ и Албин Курти се сретнаа вчера во Брисел но средбата завршила неуспешно.



„Албанците одбиваат било каков договор“, пишуваат српските медиуми, затоа што косовскиот премиер уште на самиот старт на дијалогот ја обвинил Србија за три геноциди, првиот во 1878, а последниот во 1999 година. Од друга страна Вучиќ пред Курти и европските официјални лица Мирослав Лајчак и Жозеп Борел излегол со список и фотографии од дури 80 напади на Срби на Косово годинава.

„ Овој состанок во Брисел не можеше да биде полош, но видов дека е можно и тоа. Србија прифати се, а Албанците не сакаа. Ние стопроцентно прифативме што побара Европската унија, а другите не сакаа. Сега сме уште позагрижени за србите на Косово“, рече Вучиќ.

„Јас велам дека Србија како држава извршила геноцид, институционалното водство на државата Србија е одговорно за геноцид“, рече Курти.

Следната средба во ваков формат е планирана за септември.