Грчки извори најавуваат дека преговорите за името влегуваат во крајно критична фаза.
Според најавите од Атина доколку “скопјаните” не одговорат до денес (четврток), тогаш и овој циклус на преговори ќе се затвори и има реална опасност “славомакедонците” да не го фатат возот за НАТО и за ЕУ.
Доколку одговорат позитивно, тогаш ќе следува телефонски разговор меѓу премиерите на Грција и Скопје за да го одредат датумот за средба во Преспа.
Во случај да дојде до договор а Скопје не се премисли и нема нови пресврти, договорот со овластување од Владите во Грција и Македонија може да го потпишат и двајцата министри, а не двајцата премиери, тврдат добро упатени извори за expres.mk.
Еден од проблемите според истите извори е и тоа што Нимиц е лут на Скопје поради тоа што се премислило по веќе постигнат договор.




