Лакрдија и хумореска од бугарска страна, што не заслужува да се коментира, е споредбата на Тито со Хитлер, вели поранешниот македонски амбасадор и аналитичар, Ристо Никовски, во емисијата Само вистина на ТВ Канал 5, по повод последното интервју на шефицата на бугарската дипломатија Екатерина Захариева за „Велт“ која го нарече Јосип Броз мрачен диктатор кој убил 1,7 милиони луѓе.
„Споредбата на Тито и Хитлер е лакрдија и таква хумореска од бугарска страна што не ни треба да се коментира, рече Никовски во гостување на „Само вистина“ на Канал 5.
„Јас би и сугерирал на Захариева да ги праша родителите што мислат за Тито. Се надевам дека и се живи и ќе и кажат се’.
Ако Тито беше диктатор тогаш Тодор Живков беше сатана.
Додека ние со Тито живеевме европски тие, со Живков живееа ѓаволски.
Да го прогласуваш Тито како диктатор е надвор од умот и бесмислица“, рече Никовски.







