Никовски: Историскиот синдром во Бугарија почна да мутира…

По цврстиот став на бугарскиот претседател Румен Радев дека Софија не треба да дава рокови за решавање на проблемот со Скопје а новиот премиер Кирил Петков, веќе не го ни спомнува шестмесечниот рок за повлекување на ветото за преговорите на Македонија со Европската Унија, станува јасно дека Софија нема намера да попушти во своите барања.



Поранешниот амбасадор Ристо Никовски вели дека Македонија мора да биде свесна дека се работи за нешто што е со векови актуелно во Бугарија, а тоа е историскиот синдром кој сега почнал да мутира.

„Најпрво мутираше од историјата, односно од македонскиот идентитет и јазик, а потоа имаше нова мутација од страна на Петров кога бугарскиот премиер порача дека решението на проблемот треба да се надградува.

Едноставно, се работи за еден магичен круг во којшто е заробена Македонија. Ние досега се однесувавме понижувачки и постојано бевме подготвени да правиме отстапки. Но, сега е крајно време земјава да ги земе работите во свои раце, а тоа значи да ги прекине преговорите со Софија, а што е можно поскоро да го прекине и добрососедскиот договор.

Ако не се направи тоа, ние никогаш нема да стигнеме до Европската Унија“, вели Никовски.