„Унијата е во сериозна криза. Најдобар доказ за тоа е прекинатото проширување. Од првите шест, во 1958, за 37 години, до 1995, ЕУ стигна само до 15 членки. Арно ама, за три години, во 2004 и во 2007, беа примени 12 нови, плус Хрватска во 2013. Тоа беше златниот период на Унијата. Приемот на Бугарија и Романија (2007) се покажа како преран, со сите последици коишто следуваа и ќе траат – пишува амбасадорот Ристои Никовски за Плусинфо.
Тој смета дека тоа создаде отпор кон проширувањето.
„“Веќе 10 години нема нови членки. Созреа и оценката дека Унијата мора прво да се реформира, и тоа длабински, што е процес којшто неизбежно долго ќе трае. Можеби 10 и повеќе години.
Ќе се реформираат основните права на членките, и брзи промени не се реални“.
Никовски вели дека и францускиот претседател Емануел Макрон потврди дека без реформи во Унијата, нема проширување.„Ризикот е да мислиме дека можеме да се прошириме без реформи. Можам да посведочам дека на Европа ѝ е доволно тешко да напредува на чувствителни теми со 27 членки. Со 32 или 35 членови, нема да биде полесно. Треба да се размислува за Унија со повеќе брзини“.
Практично, Макрон стави крај на проширувањето. Ќе биде – на свети никогаш“!- вели Никовски.
Оттам,у, смета Никовски „чиста бесмислица е Македонија да го менува Уставот заради влез во ЕУ. Унијата уште долго нема да се проширува, а на ист начин како до сега – можеби и никогаш повеќе…“






